ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Како светот го празнува Денот на вљубените

February 14, 2022 21:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на вљубените е насекаде обожуван, а со тоа продавниците на многу места се преплавени со бонбони во облик на срце, полнети играчки, балони и разновидни чоколади. Додека продавниците полни со црвени балони и подароци се вообичаена глетка за време на Денот на вљубените во Индија и во неколку други нации, паровите во Бугарија ја слават својата љубов со чаша одлично локално вино, љубовниците во Велс разменуваат специјални и сложено рачно изработени дрвени лажици а романските парови одат во шума да берат цвеќе и да си ги измијат лицата во снегот во знак на среќа. Прославите на Денот на вљубените ширум светот се случуваат на различни начини кои ги одразуваат локалните идеи за љубовта.

Аргентина

Аргентинците не го слават Денот на вљубените во февруари, туку „неделата на сладоста“ во јули. Тоа е денот кога љубовниците разменуваат бакнежи и добиваат чоколади и други слатки.

Во земјата, денот всушност започнал како комерцијален изум, но подоцна стана традиција на вљубените.

Франција

Се верува дека првата честитка за Денот на вљубените потекнува од Франција, кога Чарлс, војводата од Орлеанс, испратил љубовни писма на својата сопруга од затворот во 1415 година. А француското село наречено „Валентин“ се претвора во епицентар на романтиката помеѓу 12 и 14 февруари.

Може да се видат прекрасните дворови, дрвја и домови украсени со љубовни картички, рози… Тоа е веројатно најубавата традиција на Денот на вљубените во светот.

Јужна Кореја

Романтичните парови во Јужна Кореја го слават денот на љубовта на 14-ти секо ј месец. Да, добро прочитавте!

„Денот на розите“ се слави во мај, „денот на бакнежите“ се слави во јуни, „денот на прегратките во декември“, а самците го слават „црниот ден“ во април јадејќи црни тестенини. Тоа е сосема поинаква традиција на Денот на вљубените ширум светот.

Филипини

На Филипините, Денот на вљубените е време кога многу млади парови се венчаат на настан спонзориран од владата како форма на јавна услуга.

Меѓу најневеројатните прослави на Денот на вљубените ширум светот, оваа е гала настан во земјата и посебен ден за младите.

Гана

Во Гана, 14 февруари се слави како „Национален ден на чоколадата“.

Тоа е чекор што владата на Гана го направи во 2007 година за да го зголеми туризмот во земјата. Гана е меѓу најголемите земји кои произведуваат какао во светот. На 14 февруари, може да присуствувате на претстави, музички настани и ресторани кои имаат тематски менија за специјалниот ден.

Велс

Во Велс, Денот на вљубените се слави на најуникатен начин. Земјата го слави својот ден на љубовта на 25 јануари, кој се нарекува „ден на Сан Двинвен“.

На тој ден, љубовниците си разменуваат уникатни и убаво рачно изработени дрвени лажици. Оваа традиција се практикува од 16 век.

Шпанија

Денот на љубовта во Валенсија во Шпанија се паѓа на 9 октомври. Ова е познат како празник на Свети Дионис.

Фестивалот се слави во повеќето делови на Шпанија со изработка на „макадора“, фигурина од марципан. Фигурините се направени од мажи за да ги подарат на нивните женски придружнички. Може да се видат и шарени паради по улиците на селата во Шпанија.

Југозападна Кина

Во Миао, југозападна Кина, на 15 март се слави фестивалот „Оброк на сестрите“. За време на фестивалот, жените носат сребрени додатоци и прекрасни фустани, кои се веројатно најпрекрасните обичаи за Денот на вљубените ширум светот.

Тие готват различни јадења од обоен ориз што им се нуди на свилена ткаенина на младите мажи кои одат по патишта. Судбината на саканите е внатре во предметот пронајден во избраниот ориз. Две стапчиња за јадење значат љубов, а чешне лук значи дека љубовта е завршена уште пред да започне.

Романија

Ако барате некоја многу романтична и необична прослава на Денот на вљубените ширум светот, тогаш Романците нема да ве разочараат. Денот се слави на 24 февруари како ден кога младите парови се свршуваат.

Во основа, тоа е мешавина од Денот на вљубените и прославата на пролетната сезона. Младите мажи и жени одат во шумите да берат шарени цвеќиња, додека други парови ги мијат лицата со снег како знак на среќа.

Јапонија

Јапонија го прави тоа сосема поинаку. Се слави на 14 февруари и жените купуваат подароци и чоколади за нивните машки придружници или љубовници.

Мажите не можат да враќаат подароци до 14 март, кој се нарекува „бел ден“.

подготви: Марија Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk