ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

February 14, 2022 09:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).

Според него, настаните во последните 100 години се единствени. – Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата. Толку многу затоплување немало во последните 200.000 години. Постојат многу јасни научни докази дека тоа не би било можно без интензивното согорување на јаглен, нафта и гас, објаснува Талас.

Воедно, тој побара да не се мешаат поимите „климатски промени“ со „флуктуација на времето. – Промените на времето се случуваат од година во година, ден по ден, секоја недела. Набљудуваме метеоролошки аномалии: понекогаш во некој регион сезоната е многу студена во споредба со претходната година, а понекогаш е многу потопла од претходната година. Но, мораме да ги следиме глобални и регионални статистики, рече генералниот секретар на СМО, посочувајќи на природните флуктуации како што е природниот феномен Ел Нињо.

Тој направи аналогија со употребата на допинг во спортот. – Овие флуктуации влијаат на температурите на океаните, како и на просечните глобални температури. Гледајќи ги овие аномалии, на ум ми доаѓа споредбата со светот на спортот. Земете ги, на пример, скијачите кои покажуваат забележителни резултати, а кога се користи допинг, тие ќе покажат уште подобри резултати. Ја „допингувавме“ атмосферата и таа стана побрза. Затоа сме сведоци на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури, појасни Талас./MИА/.

Next Post

Дезинформација е дека „вакцината шири вирус“

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk