ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението

February 14, 2022 07:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски минатата недела информираше дека вакво тестирање било направено пред една година и тоа покажало дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.

Министерот за здравство Беким Сали најави серолошка анализа на целата територија на државата.

– Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со какви вакцини. Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, изјави министерот за здравство.

Вчера беа регистрирани нови 920 случаи на Ковид-19 од 3.338 тестови или 27,5 отсто, починати 11 лица и оздравени 1.190 пациенти. Евидентирани се 119 реинфекции.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени 1.846.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а активни случаи се 11.135.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни има во Скопје – 6314, следи Битола 519, Куманово – 470, Кавадарци – 447, Тетово – 416, Прилеп – 362, Велес – 331, Охрид – 275, Струмица – 239, Гостивар – 234. Во другите градови има под 200 заразни. Најмалку активни случаи има во Дојран, само пет.

Во светот досега се заразиле над 411 милиони жители, починале 5,8 милиони лица и оздравеле околу 332 милиони луѓе.

Во Канада продолжуваат судирите меѓу канадската полиција и демонстрантите, кои завчера вечерта го блокираа клучниот мост кон САД, и тоа повеќе од седум часа откако властите во воведоа вонредна состојба и одлучија да ја прекинат блокадата на овој важен трговски коридор.

Демонстрантите против строгите владини ограничувања наметнати од пандемијата, го зазедоа и шест дена го држат под блокада мостот „Амбасадор“, нарушувајќи ја меѓународната трговија.

Инспирирани од Канада, противници на мерките против Ковид-19 во Франција организираа протест „Конвојот на слободата“. Париската полиција завчера приведе 97 лица од протестот.

Противниците на мерките во Франција за намалување на ширењето на коронавирусот повикаа на протест со возила. Тие се противат на построгите правила за лицата кои не се вакцинирани. /MИА/.

Next Post

„Учи паметно, работи стручно“ за унапредување на средното стручно образование

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk