ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува дијалогот меѓу Скопје и Софија, дефинирани приоритетните политички прашања

February 14, 2022 08:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неделава продолжува интензивниот дијалог меѓу работните групи на Северна Македонија и Бугарија, кои ги договорија премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Кирил Петков. По минатонеделните рагзовори во Софија, планирана е нова средба и за пакетот политички прашања, овојпат во Скопје. Двете земји ги дефинираа приоритетни прашања за кои ќе се бараат решенија. За македонската страна тоа се идентитетските прашања во преговарачката рамка како европски решенија, а за бугарската прашањето на Бугарите во Северна Македонија.

Втората средба на експертите од Министерствата за надворешни работи на двете земји за политичките прашања ќе се одржи во Скопје по 20 февруари. Се очекува двете делегации да дојдат со нови политички инструкции врз основа на разговорите што се водени на првиот состанок на 11 февруари во Софија, на кој детално биле елаборирани позициите на двете страни.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека позициите се уште се различни, но дијалот за изнаоѓање заеднички решенија продолжува.

– Нашите државни позиции се јасни и нема измени во државните позиции. Најважното прашање за нас се идентитетските прашања во преговарачката рамка како европски решенија, а за нив е прашањето на бугарската зедница во Република Северна Македонија и тоа го идентификува на некој начин патот по кој треба да се движи овој процес. Пакетот политички прашања ги опфаќа прашањата што се важни за нас, и прифаќање на преговарачката рамка, како што е предложено од страна Европската комисија, посебно во однос на идентитетските атрибути и почетокот на преговори. Од страна на  Бугарија се прашањата по однос на правото на самоопределување врз основа на државното уредување, говор на омраза и рехабилитација на жртви на комунизмот. Тоа се пакет прашања во кои се вклучени елементи од едната или другата страна, кажа Османи на вчерашниот брифинг со новинарите.

Тој смета дека во моментов не се потребни провокации и злоупотреба на прашањето заради политиканство и дневна партиска политика, туку деескалација на односите, затоа што нам ни е спречен развојот преку блокадата на ЕУ.– Имам крајна цел, а таа крајна цел е оваа држава да стане еворпска држава, да ги нормализира односите со соседите, зачуваќи тоа што е најважно за граѓаните. За тоа ми треба повеќе мудрост во делувањето отколку емоции. Оваа работа или ќе водите со глава или со срце. Со срце може ќе ви донесе некоја попоуларност во моментот, ќе задоволува некои наши друстрации и емоции и незадоволства, но на крајот нема да не води таму кај што сакаме. Затоа мора оваа работа да биде со ладна глава и жешко срце, само така ќе може да го надминеме. Но, граѓаните може да бидат спокојни дека нема да дозволиме ништо што е суштински идентитетски за нив да се повреди, истакна Османи.

Уште еднаш повтори дека ние се водиме од принципот ништо не е договорено, додека се не е договорено, и затоа, за нас е важно да има пакет на заемно поврзани елементи како почеток на процесот на имплементација на договорените точки.

За барањето бугарската зедница во земјава да биде вклучена во Уставот, вели дека тоа прашање е дел од разговорите, но не е решено.

Според шефот на дипломатијата, бугарската заедница треба да се обрати во институциите во Скопје и самите да кажат дали имаат потешкотии и дали бараат одредени начини како да се интегрираат во системот, а тоа, рече, не треба да не плаши, напротив, нема терен на кој сме посилни освен во мултикултурализмот.

Паралелно со експертските разговори за пакетот политички прашања, со новата динамика во разговорите со Бугарија, на 17 февруари се очекува да се одржи состанок на четвртата работна група – за образовани и култура, како и на  третата работна група – за европски интеграции, зелена агенда и дигитализација.

Како дел од обновениот дијалог и активности за интензивирање на билатералната соработка, во петокот беше реализиран и првиот лет Софија – Скопје. Први патници во авионот на компанијата „Гуливер“ беа владини претставници на двете земји, тур-оператори, бизнисмени и новинари. По средбите што ги имаа во Скопје, договорено е редовната авиолинија Софија – Скопје да профункционира од 27 март, а до крајот на годината да биде отворен граничниот премин Клепало.

 

Се водат разговори и за воведување летови од Софија до Охрид и од Варна и Бургас до Скопје и до Охрид.

Во Софија минатата недела заседаваше и меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, на која двете страни се согласија на зголемување на квотата на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направила значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт. /MИА/.

Next Post
МИА

Деблокиран граничниот премин САД-Канада на мостот Амбасадор

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk