ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите

February 16, 2022 10:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната заедничка прес-конференција со министрите за економија и за образование, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири.

До крајот на неделата се очекува да започнат разговорите со сите засегнати страни за зголемување на пензиите, а вицепремиерот Битиќи вели дека ќе го применат истиот принцип на преговори како и за минималната плата, односно ќе разговараат со сите страни со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите.

– Деновиве се координираме за да започнеме дијалог со сите чинители кои се засегнати од пензиите и најверојатно при крајот на неделата ќе го имаме првиот состанок на кој ќе се зборува дали ќе се оди со менување на методологијата или еднократна помош која би требало да дојде до најралнивите категории. Она што можам да го кажам е дека исходот ќе биде задоволителен за сите страни вклучени во дијалогот, рече Битиќи.

Во однос на мислењата на дел од експертите дека најавеното зголемување на пензиите ќе бара интервенција од Буџетот, вицепремиерот Битиќи со порака дека финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за минатата година покажуваат дека има значително зголемување на приходите.

– Го почитувам мислењето на експертската заедница, но сметам дека ставовите треба да се конзистентни. Експертската заедница веројатно постоела таму последните 15-тина години и дозволила Пензискиот фонд да западне таму каде што западна. Ако добро ги видат финансиските извештаи на Фондот, ќе видат дека минатата година, иако беше година на пандемија и економска криза, има значително зголемени приходи заради движењето на самата економија и движењето на платите. Во една таква ситуација, давањето констатација дека тоа ќе ја зголеми потребата од страна на Буџетот да интервенира, мислам дека веројатно не ги прочитале доволно добро податоците од ПИОМ, рече Битиќи.

Во врска со реакциите на дел од компаниите дека се оневозможени да ги користат најавените субвенции за покривање на разликата во придонесите на зголемувањето на минималната плата,затоа што веќе користат субвенција за исплата на плати, Битиќи појасни дека тоа е направено за да нема концентрација на државна помош на исто место и за иста намена.

Извор: МИА

Next Post
www.nj.com

Најмалку 18 загинати во поплавите во Бразил

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk