ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Ковачевски: В петок прв состанок за нова методологија за раст на пензиите и финансиска помош за пензионерите

February 16, 2022 13:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека в петок ќе се одржи првиот состанок за можноста за промена на методологијата за пензиите, која ќе треба да овозможи одржливо зголемување на пензиите, но и дека ќе се прават анализи за финансика помош на пензионерите. 

На начин на кој беше направена новата методологија за минималната плата што овозможи нејзин пораст, нагласи Ковачевски ќе се прави и промена на методологијата за исплата на пензиите, а тоа е низ разговори и преговори.

– На ист начин ќе биде направена новата методологија за пензиите која што ќе биде резултат на дијалог со здруженијата на пензионерите, односно асоцијациите на пензионерите. Тој дијалог ќе започне в петок оваа недела. Министерката за труд и социјална политика веќе го има свикано првиот состанок на којшто ќе се разговара за моделите коишто ги имаат размислувано асоцијациите на пензионерите, нормално и економските ресори во Владата. Таа методологија треба да овозможи зголемување на пензиите кое ќе биде одржливо во текот на наредните години, при што треба да се внимава и на одржливост на пензискиот Фонд, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање на МИА по посетата на компанијата „Текспорт“.

Дополнително, додаде Ковачевски, со оглед на тоа што се работи за година на економска криза предизвикана од енергетската европска криза, се прават анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите.

-Анализите се водат во насока помошта да биде скалеста, односно оние што имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние што имаат повисоки пензии соодветно на тоа да добијат износ. Во овој момент не можам да ви кажам за конкретен износ со оглед на тоа дека анализите се прават, а разговорите започнуваат в петок, бидејќи сметаме како со минималната плата која што се водеше низ дијалог така треба да се направи и новата методологија за пензиите, бидејќи тоа е начин на којшто сите заинтересирани страни како од оние коишто се корисници на пензиите така и институциите коишто треба тоа решение да го спроведат и да биде одржливо да бидат вклучени во изнаоѓање на најсоодветното решение, рече Ковачевски.

Сето ова додаде оди во насока на постојаните заложби на Владата да им се помогне на граѓаните, да помогне на стопанството во услови на криза.

-Сите одлуки коишто ги носиме и сите решенија коишто се предлагаат и коишто веќе се реализирани, како што е минималната плата, како што е справувањето со енергетската криза – субвенционирање на дел од трошоците за електрична енергија за да нема ценовен шок, како што е преземањето на управувањето со БЕГ за да обезбедиме непречено снабдување со топлинската енергија, така и во делот на пензиите. Минималната плата ја постигнавме низ дијалог со сите заинтересирани страни што значи дека во дијалогот и во тој процес беа вклучени синдикатите и беа вклучени работодавците, а беа консултирани и стопанските комори, рече премиерот Ковачевски./MИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk