ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Имаме најниска цена и најнизок пораст на цената на електричната енергија во земјите од регионот и пошироко

February 17, 2022 15:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Енергетската криза која што ја имаме е предизвикана од екстерен фактор. Се работи за европска енергетска криза која што јас ја нарекувам финансиско-енергетска, бидејќи електрична енергија има, меѓутоа нејзината цена е неколкукратно зголемена, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од Битола.

Нагласи дека во нашиот електроенергетски систем 30 години не е вложено во нов капацитет ако се изземат хидроцентралата „Св. Петка “и ветерниците коишто беа направени во Богданци.

-Цели  30 години ние практично сме на капацитетот којшто е проектиран и изграден во времето на бившата СФРЈ. Заради неговата дотраеност, бидејќи се работи за капацитети над 50 години старост, работниот капацитет практично е многу помал од тоа што се потребите. Затоа како одговор на кризата која што во моментов владее со Европа во делот на енергетиката, Владата донесе конкретни мерки, а тоа е одржување на ликвидноста на компаниите во енергетскиот сектор преку интервенции од Буџетот. Второ, ставање во погон на сите расположливи капацитети со коишто располагаме – РЕК Битола, Осломеј и пуштање на ТЕЦ Неготино којшто исто произведува сега електрична енергија, како и користење на другите алтернативни, односно обновливи извори на енергија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешното поставување камен-темелник на новиот 400 киловолтен далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2“ и ќе води до македонско-албанската граница.

Во иста насока, додаде, се изврши и субвенционирање на цената на електричната енергија за граѓаните за да немаме ценовен шок.

-Имаме најниска цена на електрична енергија и најнизок пораст на цената на електричната енергија во земјите од регионот и пошироко. Воедно, секогаш кризата може да претставува и можност и затоа отпочнавме со инвестиции во обновливи извори на енергија, во зелена транзиција коишто веќе се реализираат. Една веќе е реализирана во рамките на ТЕЦ Осломеј, други се веќе во фаза на изградба, како и во фаза на договарање со големи компании како ВПД, Ку Енерџи итн, рече Ковачевски.

И денешниот настан, како што посочи, е дел од инвестициите во енергетиката.

-На овој начин стануваме крстосница во однос на електроенергетскиот пренос на Балканот и во регионот при што електричната енергија која што се произведува во Република Бугарија ќе може да транзитира низ Република Северна Македонија во Албанија и понатаму на пазарите во Италија преку подводната конекција која што постои, појасни Ковачевски.

Од тоа, како што кажа, сите компании ќе имаат бенефит од трговијата со електрична енергија која што ќе се одвива непречено со завршувањето на овој проект.

-Второ, самиот капацитет на преносната мрежа преку изградба на нови трафостаници и на нови 400 киловолтни далноводи дава можност за нови инвестиции во Република Северна Македонија. Во таа насока веќе е направен и првиот чекор за почеток на можната реализација со нашето учество во изградбата на гасниот терминал во Александрополи каде што имаме удел. Со тоа ќе обезбедиме диверзификација на снабдувањето со гас, бидејќи во моментов сме зависни само од рускиот гас. Диверзификацијата во секој случај значи позитивно влијание како врз економијата, така и на сите компании во неа, рече Ковачевски.

Потсети дека во моментот кога Хрватска го направи гасниот терминал цената на рускиот гас на хрватскиот пазар се намали за 35 проценти.

-Ова е стратешки проект којшто заедно со сите вакви проекти треба на државата да и овозможи енергетска транзиција и одлуки коишто нема да значат само бенефит за една година или две, туку ќе значат бенефит за идните генерации коишто живеат и коишто работат во нашата држава, порача премиерот Ковачевски. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 1.117 нови позитивни случаи

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

October 5, 2025

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk