ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

February 17, 2022 09:45
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. И на официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, се гледа дека во нивниот состав нема графен оксид, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се вели дека во вакцините има „отров – графен оксид и микротехнологија”.

„Графен оксидот и микротехнологија се потврдени во ампули за вакцинација Кансино, Фајзер, Синофарм, Астра Зенека и Спутник. Се повеќе и повеќе ампули од различни лаборатории се анализираат и сите го покажуваат истото, без разлика дали се работи за атенуирани вирусни или мРНК вакцини. Како што беше најавено минатиот декември 2021 година од доктор Мартин Монтеверде од Аргентина, тој и повеќе истражувачи извршија анализи на ампули од Кансино, Фајзер, Синофарм, Астра Зенека и Спутник. Како и резултатите од истражувањето спроведено од страна на проф. La Quinta Columna“, пишува во постот што го рецензираме.

Во склоп на постот има објавено и фотографија од наводното истражување коешто наводно покажало присуство на графен оксид во горенаведените вакцини против ковид-19, како и линк до напис со видео материјал, во кој се велидека „истражувачот доктор Мартин Монтеверде од Аргентина анализирал вијали од вакцините и докажал присуство на графен оксид во нив“. Во текстот една по друга, прикажани се фотографии од вакцините кои наводно се анализирани.

Наспроти искажаните тврдења, сите вакцини кои се споменуваат во овој напис се авторизирани, односно одобрени за употреба во Аргентина.

Родриго Кирога, професор доктор по хемиски науки и истражувач, на Твитер коментираше на оваа тема и напиша дека ,,вакцините не содржат графен”. Тој се осврнува на тоа што би можело да биде претставено на фотографиите за кои се тврди дека се докази за присуство на графен.

Ова е едноставно прашина. Од течноста, од стаклото, од капачето. Ова за кое што велат дека е графен веројатно се влакна од памук за случајот со вакцината на „Астра Зенека“. Би можел да продолжам ама јасно е дека овие фотографии не докажуваат ништо, а особено не докажуваат дека тоа што е опсервирано под микроскоп е графен. Сè што е опсервирано во видеото, е апсолутно за очекување да се види кога би се набљудувала која било течност со вака невнимателна процедура којашто води до тоа да има прашина, пластични, стаклени или памучни честички, објаснува Кирога.

Тој понатаму продолжува со својата анализа:

Не може да идентификувате компоненти од супстанца со набљудување под микроскоп, бидејќи резултатите не се конклузивни! Спектроскопија, хроматографија и други техники се користат за таа намена! Сè што е опсервирано во видеото се многу нормални, веројанти работи коишто би се виделе во кое било друго соединение. Ве предизвикувам, да растворите сол и шеќер во вода, па да го разгледате соединението под микроскоп.

Молекуларниот биолог Ернесто Ресник од Аргентина, исто така се согласува и вели дека „во примероците кога се набљудуваат под микроскоп може да има остатоци од баферот, микроскопски остатоци од пластика“.

Професор Џорџ Гефнер, истражувач и доктор по биохемија го погледнал видеото и истакнал дека е невистинито додавајќи дека вакцините немаат графен и дека со набљудување под оптички микроскоп, не е можно да се детектира графен.

Би ви требало зголемување на примероците кое може да се постигне можеби со електронски микроскоп, хипотетички вели тој за проверувачи на факти од Аргентина.

Како што е веќе  пишувано, вакцините поминуваат ригорозни научни проверки за безбедност и исполнети стандарди, пред да бидат одобрени. Ниедна вакцина против коронавирус во Аргентина или каде било во светот не содржи графен оксид во состојките.

За странски проверувачи на факти, професорот по органска хемија на Универзитетот Сантијаго Компостела во Шпанија, Диего Пења, рекол дека графенот не е супстанца која лесно би можела да се вметне во вакцината.

Во Аргентина пак, Националната агенција за лекови, храна и медицинска технологија, исто така, потврдила дека вакцините не содржат графен оксид.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести, објави извештај во кој се сумирани најчесто користените лажни наративи кои циркулираат за вакцините и меѓу нив е наведено и невистинитото тврдење дека тие содржат графен оксид.

Графен оксид  не е на листата на состојки и нема никакви шанси да е присутен, изјави Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг на Институтот за технологија Масачусетс.

Портпаролката на „Фајзер“,  Џерика Питс за „Политифакт“ изјави дека компанијата не користела графен оксид во нивната вакцина.

За експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија,  ова тврдење (дека вакцините содржат графен оксид) е чиста глупост.

И на официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, се гледа дека во нивниот состав нема графен оксид.

Што се однесува на делот од постот во којшто се вели дека во вакцините има микротехнологија, „Вистиномер“ повеќепати го дебанкираше тоа невистинито тврдење и тие текстови може да ги погледнете овде, овде,и овде.

Поради сите горенаведени факти, изјави од медицински експерти, како и официјални извештаи од медицински професионални здравствени агенции ширум светот, оценуваме дека не е вистина дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, пишува „Вистиномер“.

Извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk