ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Објавен Јавен повик за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година

February 18, 2022 11:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави Јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година.

Од денеска до 28.02.2022 центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој, имаат можност да конкурираат за користење на средства утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Капиталните субвенции за претпријатија и невладини организации се во износ од 24.000.000,00 денари. Овие средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Максималниот износ на средства предвиден за дел на овој јавен повик изнесува 6.500.000,00 (шест милиони и петстотини илјади) денари од вредноста на прифатливите трошоци за проектот по корисник и тоа: трошоци за изведба и надзор на проекти кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини. По завршување на проектот, до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај и наративен извештај за реализираните средства за имплементација на проектот, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот.

Барањето се доставува во пополнет образец БАРАЊЕ за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој, кое се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот. Воедно, еден корисник може да поднесе само едно барање за користење на средствата од оваа програма. Барањето со документацијата се доставува во затворен плик преку пошта на адресата на Министерството или со предавање во архивата на Министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна до 28 Февруари 2022 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Next Post

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со насилство во собраниска комисија спречува поголеми плати за наставниците

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk