ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адеми: Шведска е наш докажан пријател и ги поддржува нашите аспирации за членство во ЕУ

February 21, 2022 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шведска е наш докажан пријател, која ги поддржува нашите аспирации за членство во Европската Унија, истакна претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми, во обраќање во рамки на дводневната посета на нашето Собрание од делегација на шведскиот Риксдаг, предводена од Лота Јонсон Форнарве, втор потпретседател на Шведскиот парламент.

Како што информира Комисијата за европски прашања, Адеми истакна дека нашата цел е Комисијата и Собранието на Република Северна Македонија да бидат подготвени за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, при што изрази надеж дека за време на актуелното француско претседателство со ЕУ ќе се одржи и Првата меѓувладина конференција и дека ќе почнеме со преговори по Првиот кластер, кој се однесува на владеењето на правото.

-Адеми посочи дека земјата заслужува да ги започне преговорите по поглавјата, што поскоро, и дека очекува шведската поддршка да продолжи и за време на претседавањето со Советот на ЕУ на Шведска, која како дел од триото со Франција и Чешката Република, ќе почне да претседава во јануари следната година. Адеми посебно се заблагодари во име на Комисијата за европски прашања, за поддршката за зајакнување на админстративни и технички капацитети на Комисијата преку заедничкиот проект на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) „Компонентата за зајакнување на капацитетот на Парламентарната комисија за европски прашања“, на Шведската агенција за соработка и развој – СИДА, и на Владата на Норвешка, информира Комисијата за европски прашања.

Извор: МИА

Next Post

Повеќето Европејци сакаат да застанат со Киев против Москва

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk