ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано

February 21, 2022 10:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се поприсутна. Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи во однос на состојбата во Украина.

Османи нагласи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да може да се вратат во Скопје.

Според Османи, останува отворено прашањето за нашите 30 набљудувачи во рамки на мисијата на ОБСЕ.

– Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација. Нашата позиција е малкуи поспецифична, затоа што ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБС, меѓутоа сме во комуникација со нашите луѓе во мисијата и сум во комуникација со генералниот секретар на ОБСЕ. Се слушнав во петокот со госпоѓа Шмит, а очекувам денеска повтонро да да имаме разговор, како и со Полска и на Шведска, изјави Османи.

Тој нагласи дека се во координација за формирање на Мисија за утврдување на факти во рамки на тојката претседавачи, а по повикот на украинскиот МНР.

– Ние сме во координација кој би бил мандатот на таа мисија, на кое ниво би се отишло таму, дали на министерско, дипломатско или воено-експертско ниво. Сите тие координации ги правиме заедно со партнерите во рамки на тројката претседавачи, изјави Османи.

Извор: МИА

Next Post

Mакедонски и шведски парламентарци ќе разменуваат искуства

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk