ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Претседателот Пендаровски приреди прием во чест на Јордан Плевнеш, добитник на Големата награда „Ерве Делиен“

February 21, 2022 13:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Кабинетот на претседателот беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на Големата наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа Голема награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја додели на Плевнеш за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и франкофонскиот простор, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски изјави: „Во годината во која Франција одбележува 400 години од раѓањето на великиот Молиер, овде меѓу нас е човек кој со своето дело и дух постојано и секаде го воспева и „јазикот на Молиер“, ја одржува жива франкофонијата на овие простори и ја промовира нераскинливата врска меѓу Балканот и Европа. Поводот за оваа наша средба е најдобрата рефлексија на она што сакаме да го негуваме, секогаш и секаде меѓу нас, а што Плевнеш постојано го нагласува: хуманоста, како основна вредност врз која културните и сите други разлики ќе бидат препознаени како богатство за кое вреди да се твори и живее. Ѝ благодарам на Француската Академија што ја препозна универзалната порака во делото на нашиот Јордан Плевнеш.“

На свечениот прием се обратија и амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер, како и лауреатот на наградата, Јордан Плевнеш.

Амбасадорот Бомгартнер изјави: „Посебно сум среќен што сум овде со вас денес, на оваа свеченост, бидејќи сакаме да Ви оддадеме почит, драг господине Плевнеш, за вашите достигнувања и заслуги. Вие сте добитник на Големата награда на Франкофонијата „Ерве Делиен“ што ја доделува Француската академија. Се радуваме за оваа голема чест преку пријателството кое го негуваме а наградата е уште позаслужена бидејќи вие сте несомнено најеминентниот франкофонски писател од Северна Македонија. Вашата  работа и вашите дела се во служба на Франкофонијата во земјата, која и ние самите, со поддршка на Францускиот институт, ја спроведуваме за зачувување, зајакнување и унапредување на изучувањето  на францускиот јазик.“

Лауреатот Јордан Плевнеш кој ја прими престижната награда на церемонијата под „Куполата на бесмртните” во Француската академија минатата година, на денешниот прием изрази благодарност до претседателот Пендаровски за писмото кое го упати за време на церемонијата на доделување на наградата во Париз.

„Ви благодарам од сѐ срце претседателе што во истиот миг на доделувањето на мојата награда, упативте писмо чии зборови одекнаа меѓу бројните гости во Париз. Македонската франкофонска интелигенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница на народите, можеби инспириран од повикот на Виктор Иго за Соединетите Држави на Европа“, изјави Плевнеш.

Next Post
Бранко Тричковски

Фронтлајн најостро ги осудува заканите по живот за колумнистот Бранко Тричковски и повикува на брза реакција од надлежните органи

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk