ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТикТокери пушат цвеќиња како замена за марихуана

February 22, 2022 21:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ

Сушени ливчиња од рози, листови од малина и камилица, ова звучи како вкусни додатоци на топла шолја чај. Но, тие се очигледно популарни и како хербални цигари меѓу велнес инфлуенсерите и оние кои сакаат да ја исфрлат својата зависност од тутун.

Со децении, хербални цигари се продаваат на пазарите во Кина, Јужна Кореја и Тајланд. Сега, тие се и на TикTок, и покрај недоволните студии за нивната безбедност.

Често спакувани во шик изданија, изгледаат исто како цигари или џоинт, но наводно не содржат никотин или канабис. Тие обично се домашно направени од широк спектар на растителни извори, вклучувајќи ливчиња од роза, кантарион, лаванда, лопен, дамијана, син лотос, пеперминт и листови од малина.

„Во денешно време, многу традиционални практики како пушење органски билки од специфични причини се оставени неискористени, неистражени и изгубени во традицијата“, изјави за VICE Ромен Део, основач на австралиска компанија за рачно изработени хербални цигари

.Део ги опиша хербалните цигари, за кои се верува дека не предизвикуваат зависност, како „алатки кои помагаат да се преброди зависничката врска со марихуаната или тутунот“.

„Повеќето пушачи на тутун велат дека се чувствуваат смирени и опуштени после цигара. Алтернативно, создадов хербална мешавина за пушење која ја пополнува оваа празнина користејќи природни смирувачки состојки како што е камилицата“, вели Део.

Анулика Агу, која продава мешавини од билни чаеви преку Интернет, изјави дека била запознаена со хербалните цигари во 2017 година, за време на навлегувањето во светот на билкарството и холистичкото здравје. Таа рече дека хербалните цигари се користат за широк спектар на работи како што се ублажување на несоница, анксиозност и менструални грчеви.

„Поединците, исто така, можат да ја продлабочат својата медитација и да ги подобрат искуствата од луцидните соништа со хербални цигари“, рече таа.

На TикToк, хербалните цигари се прикажани во естетски видеа каде што корисниците создаваат етеричен амбиент.

Има и видеа на TикTок кои служат како информативни водичи за неупатените, објаснувајќи ги функциите на различни билки. Камилицата, на пример, се тврди дека помага при несоница и акни.

„Имаше период во мојот живот кога ТХЦто ме остави само со екстремна анксиозност, параноја и напади на паника. Почнав да користам мои сопствени хербални цигари што ги правев како алтернатива… Дефинитивно ми го променија животот и ми помогнаа со депресијата, несоницата и анксиозноста“, истакна Агу, која исто така ја споделува својата експертиза преку извонредните видеа на TикTок.

превод: Maрија Миткоска

Next Post

Грковска: Ние ќе градиме системски решенија кои нема да бидат врзани ниту за личност ниту за политички партии

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk