„Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во форма на нелегална сеча“, е насловена завршната конференција во организација на Центарот за европски стратегии – Евротинк.
Оваа конференција претставува завршна активност во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија“ кој е во последната фаза од неговото спроведување.
На настанот е предвидено да бидат презентирани наодите од извештајот на истражувањето „Истоштени шуми“ спроведено од страна на Евротинк, во кој ќе се одржат две панел дискусии со гости говорници.
Проектот е финансиски поддржан од страна на Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград и претставува надоврзување на претходно спроведениот проект кој ја третираше оваа проблематика./MИА/.