Нападот на Русија врз Украина е рангиран меѓу „најтемните часови за Европа“ во последните 80 години, според високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, пренесува „Си ен ен“.
„Ова се најтемните часови за Европа од крајот на Втората светска војна“, им рече на новинарите високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел вети „итна помош за Украина“, како и поддршка на напорите за евакуација, вклучително и на персоналот на ЕУ.
Зборувајќи заедно со претседателката на Комисијата на ЕУ Урсула фон дер Лајен, Борел рече дека казнените мерки од 27-члениот блок против Русија ќе бидат „најстрогиот пакет санкции што некогаш биле спроведени“.
М. А.





