ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Македонскиот државен врв со силна осуда, Мицкоски нема став за агресијата врз Украина

February 24, 2022 12:15
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема никаква реакција после агресијата на Путин врз Украина.

Она што може да се забележи на сите негови профили на социјалните мрежи е дека Мицкоски ја игнорира воената агресија на путинова Русија врз суверена Украина.

Додека Мицкоски го нема да се изјасни, од неговата партија пак излегоа со изјава во која велат дека ВМРО-ДПМНЕ е на ист став по ова прашање како и другите сестрински европски народни партии. Што и да им значи тоа, не е конкретен став, нема осуда на агресијата.

Од друга страна македонскиот државен врв со недвосмислени осуди на агресијта на Русија кон Украина.

„Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир“, напиша покрај другото премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот Стево Пендаровски изрази силна осуда на агресијата кон Украина и за денеска (24 февруари 2022 година) свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.

„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.
Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот на македонското собрание Талат Џафери вели дека треба да се почитува суверенитетот на Украина, последиците ќе се одразат и на економски план

„Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери. Додаде дека нема разлики меѓу ставот на Република Северна Македонија и западниот свет – ЕУ, САД, и сите сили кои, како што рече, мислат дека е несоодветен начинот на кој е постапено во Украина“, истакна Џафери.

Шефот на дипломатијата Османи вели дека денешната одлука на Кремљ за воени дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои ги осудуваме на најсилен можен начин.

– Во овие тешки времиња ние сме со Украина, се додава во објавата на шефот на македонската дипломатија.

Сашо Орданоски во неговата денешна колумна вели Мицкоски молчи како „заварен“ за руската инвазија на Украина.

„Овој што секој ден шета како Потемкин држејќи говори по селски и градски општини за 100-те дена и 1.000-те остварени проекти на опозициските градоначалници по победата на локалните избори, само тоа го повторува: итно на вонредни избори, ако треба и со општонароден бунт, бидејќи власта во државата е криминално-предавничка! Па, иако нескромно се претставува како единствена државничка, спасителска надеж за Македонија, си молчи како „заварен“ за најголемата глобална тема деновиве, за руската инвазија на Украина. Ако нешто и мисли за тоа, не смее да го изусти, бидејќи е свесен дека голем дел од неговите поддржувачи (за самиот него не знаеме) на Путин гледаат како на лидерски идол во светот“, пишува Орданоски.

Тоа што пак, Мицкоски, мисли дека е доволно што изјавил дека е за зачувување на територијалниот интегритет на секоја суверена држава вклучително и Украина, без експлицитно да ја осуди агресијата на Путин, само покажува од каков „политички недоквакан материјал“ е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јане Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk