Русија започна воена офанзива во повеќе делови на Украина во 5 часот утрово, 24 февруари. По повод најновиот бран на руската воена агресија на територијата на Украина.
Со изјава во врска со нападот од страна на Русија излезе и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој потенцираше дека станува збор за неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина.
❝Силно го осудувам непромислениот и неиспровоциран напад на Русија врз Украина, кој става во опасност безброј животи на цивили. Уште еднаш, и покрај нашите постојани предупредувања и неуморни напори да се вклучи во дипломатијата, Русија го избра патот на агресија против суверена и независна земја.Ова е сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност. Ја повикувам Русија веднаш да ја прекине својата воена акција и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Сојузниците на НАТО ќе се состанат за да ги решат последиците од агресивните дејства на Русија. Стоиме со народот на Украина во овој ужасен момент. НАТО ќе направи се што е потребно за да ги заштити и одбрани сите сојузници.❞







