Врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Валериј Залужниј изјави дека Украинската војска фатила заробеници — двајца руски окупатори на единицата 91701 на моторизираниот пешадиски полк Јампол.
„Непријателот трпи загуби. Четири непријателски тенкови се изгорени на обиколницата во Харков. Руски трупи ја напаѓаат границата во Житомирската област.
Soldiers of the 93rd Mechanized Brigade captured two Russian occupiers, they were from 423rd Yampol Motorized Rifle Regiment, military unit 91701. pic.twitter.com/UJzypYXWmm
— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 24, 2022
Непријателската воена техника го премина контролниот пункт Вилча. Граничарите заедно со украинската војска ја прифатија битката“, изјавил Залужниј.
Удари беа извршени и на станицата за гранична стража кај Млачивка. Во зависност од ситуацијата, единиците на граничната стража се прераспоредуваат на резервни позиции комуницират со Вооружените сили на Украина и Националната гарда.
Непријателот не само што нападна гранични единици, туку и цели во градови на Украина. Главната цел е да се алармира јавноста и да се стават надвор од функција одредени воени инсталации и критична инфраструктура.