Дезинформациите се алатка за агресија и се користат во голема мера овие денови, а храбрите проверувачи на факти во Украина продолжуваат да се борат против манипулациите и лагите насочени кон суверенитетот на нивната земја, се вели во соопштението испратено до надлежните проверувачи на факти низ светот, меѓу кои и до „Вистиномер“.
Меѓународната мрежа за проверка на факти, со својот персонал и со заедницата на проверувачи на факти ширум светот, изразува солидарност со украинскиот народ и подготвеност да помогне, а со цел да се спречат манипулациите и дезинформациите за војната што Русија денеска ја започна во Украина.
Несомнено ова е еден од најтемните денови за Украинците. Силно ја осудуваме агресијата врз народот на Украина и се солидаризираме со двата потврдени потписници од Украина за проверка на факти, VoxUkraine и Stop fake. Дезинформациите се алатка за агресија и се користат во голема мера овие денови, а храбрите проверувачи на факти во Украина продолжуваат да се борат против манипулациите и лагите насочени кон суверенитетот на нивната земја, се вели во соопштението испратено до надлежните проверувачи на факти низ светот, меѓу кои и до „Вистиномер“.
Вистиномер е сертифициран потписник на Кодексот на принципи усвоен од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти.
Меѓународната мрежа ги повикува новинарите, репортерите и набљудувачите да ги следат VoxUkraine и Stop Fake, пред да споделат непроверени информации поврзани со конфликтот.
Извор: Вистиномер