ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Обраќање на Зеленски: Утрово сами ја браниме државата како и вчера, најмоќните сили во светот гледаат од далеку

Почитувани граѓани на Руската Федерација. Како што веќе реков, вечерва почнаа да се бомбардираат станбените квартови на градот херој Киевв. Сето тоа потсетува на 1941 година. Сакам да им порачам на сите граѓани на Руската Федерација кои протестираат - ве гледаме. Тоа значи дека Вие нѐ слушнавте. Ова значи дека почнувате да ни верувате. Борете се за нас. Борете се против војната.

February 25, 2022 10:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Обраќањето на Украинскиот претседател Володомир Зеленски Ви го пренесуваме интегрално:
Второ утро од војната од големи размери. Во четири часот руските сили продолжија со ракетни напади на територијата на Украина.

Тие велат дека цивилните објекти не им се мета. Ова е лага. Всушност, тие не прават разлика во кои области да дејствуваат.

Како и вчера, под руски напад подеднакво се наоѓаат и војската и цивилите. Целта на овој напад е да се изврши притисок врз вас, граѓаните на Украина, да се изврши притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само врз владата, туку врз сите Украинци. И денес – дури и повеќе од вчера.

Нашите момци и девојки – сите бранители на Украина – не му дозволија на непријателот да го реализира оперативниот план за инвазија првиот ден. Украинците покажуваат вистинско херојство. Во повеќето правци непријателот беше запрен. Сеуште се водат битки.

Затоа, рускиот напад продолжува со пресметка на тоа дека нашите сили ќе бидат уморни. Но, никој не е уморен.

Силите за воздушна одбрана на Украина го штитат нашето небо. Колку што е можно повеќе. Непријателските авиони злобно дејствуваат над станбените региони, вклучувајќи го и главниот град.

Страшни експлозии на утринското небо над Киев, бомбардирање, напад врз станбена зграда, пожар – сето тоа потсетува на првиот ваков напад врз нашиот главен град, кој се случи во 1941 година.

Утрово сами ја браниме државата како и вчера. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку.
Дали вчерашните санкции ја преубедија Русија? Ние слушаме на нашето небо и гледаме на нашата земја дека тоа не е доволно. Туѓи трупи се уште се обидуваат да станат поактивни на нашата територија.

Само солидарноста и решителноста на Украинците може да ја зачува нашата слобода и да ја заштити државата. Армијата, граничарите, Националната гарда, полицијата, разузнавањето, Силите за територијална одбрана – сите максимално ги извршуваат своите задачи.

Многу е важно денес и нашите граѓани да покажат максимална издржливост и меѓусебна поддршка. Грижете се за вашето семејство и најблиските, но не заборавајте за луѓето кои се околу вас. Оние кои се сами, оние кои се постари. Помогнете им со производи.

Помогнете им да најдат засолниште кога има воздушен аларм. Помогнете им со пристап до проверени официјални информации.

Запирајте го непријателот каде и да го видите. Судбината на Украина зависи само од Украинците. Никој освен нас самите нема да ги контролира нашите животи. Ние сме на своја земја, вистината е со нас. Нема да успеат да ни го уништат карактерот. Ракетите „Калибар“ се беспомошни против нашата слобода.

Русија сепак ќе мора да разговара со нас порано или подоцна. Да пазговара за тоа како да се стави крај на воените дејства и да се запре оваа инвазија. Колку побрзо започне разговорот, толку помали ќе бидат загубите на Русија.

Почитувани граѓани на Руската Федерација. Како што веќе реков, вечерва почнаа да се бомбардираат станбените квартови на градот херој Киевв. Сето тоа потсетува на 1941 година. Сакам да им порачам на сите граѓани на Руската Федерација кои протестираат – ве гледаме. Тоа значи дека Вие нѐ слушнавте. Ова значи дека почнувате да ни верувате. Борете се за нас. Борете се против војната.

Почитувани граѓани на Украина.

Се браниме! Не застануваме!

Слава на сите Вас!

Слава на нашата армија!

Слава на Украина!

Next Post

ФИФА шокирана од случувањата во Украина

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk