За време на борбите, руската војска дозволила гранати од повеќе ракетни фрлачи „Град“ да погодат едно од сиропиталиштата во Ворзел, Киевската област, во која биле сместени 50 деца, информираат во соопштение од Украинската Амбасада.
Во моментот на гранатирањето децата и вработените во домот за деца без родители биле во други простории. Сираците не беа евакуирани од областа, на територијата на домот нема засолништа за бомби или подруми. Обвинителството презема мерки за нивна евакуација.