ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Преку успешен дијалог до подобрување на работничките права и развој

February 25, 2022 18:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Бизнис Конфедерацијата на Македонија. На средбата се разговараше за успешниот дијалог во  Економско социјалниот совет во контекст на покачувањето на  минималната плата на 18.000 денари. Претседателот на Бизнис Конфедерацијата Миле Бошков  ја информираше министерката Тренечевска за потребата од измени на Законот за работни односи, во делот на флексибилно работно време, што ќе биде и првиот чекор кон воведување на колективно договарање, информираат од МТСП во соопштение.

Министерката  посочи дека новото законско решение  со кој се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите е резултат на  дијалог со сите засегнати страни.

„Законот за работните односи го носиме во партнерски однос со бизнис заедницата, синдикатите, работодавачите, се со цел ова законско решение да одговори на реалните потреби. Со законот обезбедуваме модерни решенија кои ќе ги примениме при неговото имплементирање, “рече Тренчевска.

Според Бошков  социјалниот дијалог на Економско  социјалниот совет е сериозно подобрен, бидејќи се слуша и гласот на бизнис заедницата, која според него има потреба од одредени даночни олеснувања. Тој посочи дека со уважување на мерката за субвенционирање на придонесите на платите на речиси 15.200 работници, Владата покажала отвореност за соработка со бизнис секторот што го охрабрува бизнис секторот на следната седница на ЕСС да излезе со предлог – мерки за надминување на енергетската криза.

Бошков на министерката Тренчевска и подари Плакета за успешна соработка меѓу бизнис Конфедерација и МТСП.

Next Post

Резников: Треба да му покажеме на светот дека Русија гранатира мирни градови, убивајќи жени и деца

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk