ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Русија – Украина и општото заложништво на Европа

February 26, 2022 17:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ФРОНТ
Тања Кармзова Костиглиола

Тања Кармзова Костиглиола

Share on FacebookShare on Twitter

ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

Ништо нема да ве научам ако ви кажам дека сме исправени (или напротив, сосема на колена) пред ситуација надвор од сите морални норми. Всушност, целта на ова мое пишување е повеќе еден вид на анализа за и самата да разберам кои се причините што Европа не успеа да го задржи мирот. Ги очекував поделбите на ваши и наши од страна на главните политички актери на интернационалната сцена, а ако сум искрена пред себеси – не ме изненадуваат ни поделбите кај граѓаните воопшто на територија на Европа, па и пошироко.

Нејсе, наивно очекував да истапи поголема маса интелектуалци, политичари и воопшто луѓе коишто јасно ќе кажат дека не се ЗА едните или ЗА другите, туку ПРОТИВ војна. Наивно очекував дека идеолошката борба нема да се сведе на ЗА или ПРОТИВ интернационални организации и воени структури, туку просто ПРОТИВ прекројување на границите како светот да е вулгарен шаблон по кој секој што има сила си го крои палтото по мерка. Не знам колку Балканот е свесен дека е близу до преседан што жално наликува на сите војни што ја натопија со крв сета негова територија повеќе од еден век наназад. Овој Балкан, што е вечна почва на пресметки од религиски, културолошки, националистички карактер, како и терен на борба за влијанија. Се надевам, отповеќе е ова мое потенцирање на нестабилноста на регионот и неговата политичка поларизација и економска зависност како од Истокот, така и од Западот.

Нема да навлегувам во историската димензија што го навестуваше овој пресврт, бидејќи тоа подразбира враќање 10 века наназад. Ќе се обидам да ги посочам контрадикторностите и можните расплети на оваа криза, што само по себе е предизвик, дотолку ситуацијата е комплексна и можноста за субјективна интерпретација огромна.

Ќе бидам доста кратка во однос на она што го мислам за Путин: не се согласувам со ставот на мнозинството дека претседателот на руската федерација е просто параноичен. Убедена сум дека имаме работа со институционална параноја што воопшто не е исто. Она што ја предизвика оваа моја констатација е фактот што тој многу организирано, благовремено и детално ја подготви Русија за овој момент. Значи, не зборуваме за нерационален страв од непостоечки непријател, туку за нерационален страв од институциски ентитети што не ги чувствува како блиски. Ова е, секако, упростен заклучок наспроти неговите напори да направи од Русија земја со производство на основни суровини што ќе ѝ биде доволно за да издржи во времиња како ова, а со тоа и да истрае кога притисокот ќе се зголеми. На овој факт се залепува, меѓу куп други работи, и фактот дека има креирано еден вид паралелен трансакциски систем што ќе ја преземе улогата на SWIFT доколку во даден момент се најде блокирана од истиот (ова вчера беше отфрлено како санкција од страна на претседателот на САД, Џо Бајден). Тој паралелен систем дефинитивно нема да го замени SWIFT, којшто располага со богата светска разгранетост, но ќе овозможи еден вид на surviving period, што е огромна предност. Еве, и да останеме само на овие два аргументи, сосема е јасно дека Путин не влегува во ова неспремен.

Она што мене ме вознемирува, е тоа што сета оваа подготовка датира најдоцна од 2014 година, по анектирањето на Крим, а што очигледно никој не се вознемирил пред ваквите акции и не претпоставил кон што води. Има разузнавачки служби, има аналитичари и советници, интернационална соработка, сајбер надгледување и што ли уште не, но и покрај сиот арсенал -овие информации или не биле прибрани, или не биле пренесени, или останале непроцесирани, или нивните приматели не ги зеле предвид и со тоа не реагирале на време. Ова по дифолт нè носи, ако сме разумни, кон барање одговори од надлежните институции во секоја земја на ЕУ и САД. Но, молкот што моментално царува на оваа тема е алармантен.

Впрочем, изречените или најавените санкции кон Русија и Белорусија се непропорционални со степенот на насилство на кое божем одговараат, што несомнено ни дава за право да продолжиме со прашањата. Зеленски пред кратко сподели дека Украина е оставена сама. Сметам дека имаме право да побараме искрен одговор зошто е тоа така? Внимавајте, воопшто не агитирам за да се започне било каков воен судир меѓу НАТО и Русија, ниту судир воопшто. Само имам човечка потреба да разберам зошто сме стасани до овде.

Дали недостигаат средства за да се интервенира на друг начин? Дали се избегнува економски колапс, знаејќи колку се важни руските олигарси за глобалната економија? Дали сме во ситуација на енергетска потчинетост, и ако сме, зошто сме? Дали светските актери сфатија дека Русија го има антиципирано секој нивен чекор, и со тоа во релјеф се оцртува една несразмерност и некомпетитивност, да не речам неефикасност? И конечно, дали истите се помирија со тоа Украина да игра улога на курбан за да не дојде до Голема војна, со што би добиле време да се спремат и да му се спротивстават на Путин следниот пат кога ќе го фати институционална параноја и експанзионистичка треска?

Досега, воените и политичките експерти целосно ги промашија прогнозите. Мислам, или поточно – се надевам дека ја промашуваат и оваа поновата прогноза со којашто се стравува од нуклеарна војна, што дефинитивно никому не му е од корист, па ни на Путин. Но, дефинитивно институционалната параноја на рускиот претседател и бизарното однесување на големите лидери го туркаат човекот во колективна параноја во којашто од вчера има побарувачка за јод во аптеките, што сметам дека е доволен доказ за длабокиот немир со кој моментално живее.

Тања Кармзова Костиглиола e фитотерапевт и студент на катедра за централно-европски студии при Сорбона, Париз.


Преземено од ЦИВИЛ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk