„Има многу лажни информации на интернет дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и дека има евакуација“, рече украинскиот претседател во најновото видео обраќање
„Јас сум тука. Нема да го оставиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава бидејќи нашето оружје е нашата вистината“.
Тој ги осуди тврдењата дека се предал или побегнал. зш/
Не вірте фейкам. pic.twitter.com/wiLqmCuz1p
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 26, 2022
САД соопштија се подготвени да му помогнат на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го напушти Киев за да избегне да биде заробен или убиен по напредувањето на руските сили, објави Вашингтон пост, цитирајќи американски и украински официјални лица.
Сепак, Зеленски одбил да го напушти градот или државата.
Во извештајот се вели дека САД се загрижени за одржување континуитет на владата во Украина и се загрижени дека доколку тој биде заробен, тој може да биде принуден на отстапки.
Зеленски денеска објави видео во кое укажува дека се уште е во Киев и предупреди дека Русија сака да го ликвидира. /MИА/.