Како ќе го наречеме човекот кој директно и отворено работи против интересите на својата држава? И тоа не против оние, апстрактни, антички, библиски и историски, туку против стварните, тековни и стратешки интереси? Како? Предавник на нацијата? Шпион во својата држава? Не, нема да си го валкаме речникот со неговите зборови. Ќе го наречеме една обична будала, чие време во политиката започна да одминува, пишува активистот Павле Богоевски на Фејсбук.
„П.С. димче, твојот последен резултат нема да биде никаква ДЕСОРОСОИЗАЦИЈА (ниту зборот не знаеш да го напишеш правилно). Ќе биде ова патетично навивање и одработување за чудовиштето од Кремљ. Прочитан си како селски буквар, клошару“- напиша Богоевски.





