Поминаа 72 часа отпор. Три дена кои засекогаш ја променија нашата земја и светот. Каде се сите оние кои ветија дека ќе го заземат Киев за 72 часа? Каде се тие? Не ги гледам, слушнам само како се правдаат. Наместо тоа, гледам херојска војска, победничка стража, бестрашни граничари, посветени спасувачи, доверливи полицајци, неуморни медицински ангели. Гледам илјадници граѓани кои се фатиле за оружје, влегле во редовите на територијалната одбрана и се борат, изјави министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников.
„За иднината на нивните деца и внуци. За оние што ги сакаат. Во спомен на нивните предци и за нивната држава. Сите те гледаат, цел свет! Има уште многу предизвици пред себе. Но, не сме единствените кои сега веруваме во нашата победа. Гледај наоколу. Многумина конечно го надминаа стравот и се осмелија да го предизвикаат Кремљ. Секој час сè повеќе луѓе сфаќаат дека таква војска нема никаде во Европа. Без оваа армија и нашиот народ, Европа никогаш нема да биде безбедна…Темнината ќе се крене, зората е близу“, рече Резников.