Руската полиција уапси повеќе од 900 луѓе на антивоените протести во 44 руски градови, со што вкупниот број уапсени се искачи на повеќе од 4.000 од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, објави невладината организација за мониторинг на протестите ОВД-Инфо.
Повеќе од 100.000 луѓе протестираа денеска во Берлин во знак на солидарност со Украина, откако илјадници се собраа во саботата во Сиднеј, Лисабон и Вашингтон, а дополнителни протести се планирани и за попладнево, пренесе МИА.
Западните сојузници на Украина воведоа досега невидени санкции на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина.
Watch as a crowd gathers in St Petersburg, Russia and chants “No to War,” & “Ukraine is not our enemy”. Take a look:pic.twitter.com/EguesuoaTg
— Steve Hanke (@steve_hanke) February 27, 2022
Вечерва во Санкт Петербург има протести на кои демонстрантите скандираат „Украина не ни е непријател“ и „НЕ ЗА ВОЈНА“.