Сопругата на фудбалерот Ѓоко Зајков која со семејството беше заглавена во Украина на Фејсбук објави дека се безбедни во Унгарија и им се заблагодари на сите пријатели за грижата.
„Јас, Ѓоко и Лука во моментот сме во Унгарија и сме безбедни. Поминавме огромна голгота и изнагледавме многу лоши слики по патиштата низ Украина во овие 3 дена, напиша таа на социјалните мрежи и изрази посебна благодарност до премиерот Димитар Ковачевски.
„Сакам да се заблагодарам на премиерот Dimitar Kovacevski за постојаната поддршка која ни ја даваше. Не познавам премиер кој е достапен на телефон 24 часа за сопствените граѓани. За секоја препрека по пат со него бевме во постојана комуникација и се правеше се што беше во рамки на можностите.
Воедно сакам да се заблагодарам и на македонскиот амбасадор во Унгарија @Горан Стевчевски за укажаната помош и логистичка поддршка. Macedonian Embassy in Budapest/Македонска амбасада во Будимпешта 2010-2014 Embassy of the Republic of North Macedonia in Hungary“, напиша таа.
„На сите луѓе кои се наоѓаат во Украина им посакуваме безбедно да стигнат во своите домови, а на украинскиот народ што побрзо поврорно да живее во мир. Да не се заборави најголемо благодарам на систер Моника Зајкова – Monika Zajkova Monika Zajkova што цело време беше со нас во контакт за време на нашето патување и не советуваше и упатуваше за секоја ситуација“, напиша Зајкова.





