ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бритиш Петролеум напушта Роснефт и заминува од Русија

February 28, 2022 11:50
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот нафтен и гасен гигант БП соопшти дека поради рускиот напад на Украина ја напушта сопственичката структура во руската нафтена компанија Роснефт, со што го раскинува партнерството старо неколку децении.

– Длабоко сум шокиран и тажен поради ситуацијата во Украина и сочувствувам со сите оние кои страдаат. Ова не поттикна темелно да ја преиспитаме позицијата на БП во Роснефт, рече извршниот директор на БП, Бернард Луни.

„Роснефт“ сочинува околу половина од резервите на нафта и гас на БП и една третина од производството, а повлекувањето од уделот од 19,75 отсто ќе ја чини британската компанија до 25 милијарди долари, рекоа тие, без да прецизираат што планираат да направат.

По напуштањето на сопственичката структура на Роснефт, БП ќе регистрира безготовински трошок од 11 милијарди долари во странска валута, а најави и дополнителен безготовински надомест во износ од 14 милијарди долари. „Роснефт“ повеќе нема да биде вклучен во неговиот биланс.

Компанијата од Роснефт добиваше приход во форма на дивиденди, кои во 2021 година изнесуваа околу 640 милиони долари, што одговара на приближно три проценти од вкупниот готовински тек од работењето.

Компанијата моментално има околу 200 вработени во Русија, главно домашни работници, изјави портпаролот на БП.

Роснефт за одлуката на БП го обвини „невидениот политички притисок“, јавија руските новински агенции, наведувајќи дека 30-годишната успешна соработка е уништена.

Ненадејното излегување од сопственичката структура на Роснефт е драматичен потег на БП, која има најголема странска инвестиција во Русија и ќе го зголеми притисокот врз другите западни компании во земјата, вклучително и француската TotalEnergies и британската Шел, коментираат светските медиуми.

Британскиот министер за претпријатија, енергетика и индустриска стратегија Кваси Квартенг во петокот изрази „загриженост“ за бизнисот на БП во Роснефт и денеска изрази задоволство од неговата одлука да се повлече.

– Неиспровоцираната руска инвазија врз Украина мора да биде повик за будење за британските компании со комерцијални интереси во путиновата Русија, напиша Квартенг на Твитер./МИА/.

Next Post

Над 2.000 руски научници во отворено писмо протестираат поради инвазијата на Русија во Украина

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk