ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓоргиевска: Наша морална и човечка должност е да им помагаме на лицата со ретки болести

February 28, 2022 15:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на ретки болести – 28 февруари, чија цел е подигање на свеста за ретките болести, преку широка меѓународна кампања. Ѓоргиевска порача дека сите ние имаме не само граѓанска, туку и морална и човечка должност да продолжиме да им помагаме на лицата со ретки болести во нивната целосна интеграција во општеството.

„Пациентите со ретки болести во Северна Македонија и нивните семејства заслужуваат правичност во однос на здравствените и социјалните услуги. Тоа подразбира да се отстранат бариерите што го спречуваат нивното целосно учество во општеството. Ако навистина се залагаме за социјална правда, еднаквост и хуманост во македонското општество, тогаш токму ретките болести можат да бидат тест за нашата искреност и посветеност. А со тоа ќе исполниме и дел од Агендата 2030 на Обединетите нации“, порача во своето обраќање Ѓоргиевска.

Ѓоргиевска посочи дека во земјава е постигнат напредок во оваа област, потенцирајќи ја улогата на здравствените работници, родителите и здруженијата на граѓани за ретки болести.

„Благодарение на вашите заложби се изработи регистер за ретки болести. Програмата за ретки болести на Министерството за здравство редовно се проширува. Фондот за здравствено осигурување покрива повеќе лекови, анализи и рефундација за нутритивни производи за лица со ретки болести. Но, има и нерешени прашања. Се’ уште не е донесена Стратегијата за ретки болести што е неопходна за системско вклучување на овие болести во новите законски решенија“, рече Ѓоргиевска.

Таа посочи дека за жал ниското ниво на јавна свест за овие состојби го зголемува ризикот од социјална исклученост и дискриминација, и потенцираше дека болеста не е и не смее да биде причина за изолација, стигматизација и маргинализација.

„Напротив, болеста е состојба што нè повикува на  емпатија, помош и солидарност. Дури и да нема лек за телото, ваквиот пристап е лек за раните на душата, бидејќи пациентите и нивните семејства чувствуваат дека се ислушани, почитувани и поддржани од општеството и од институциите“, додаде Ѓоргиевска во обраќањето.

Сопругата на претседателот ја истакна неодамна усвоената резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации посветена на предизвиците на лицата со ретки болести и нивните семејства.

„Целта на резолуцијата е да им помогне во нивната борба за универзален и еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги со олеснет финансиски товар. Обединетите нации бараат од државите да овозможат рамноправно вклучување на овие лица во општествениот, културниот, политичкиот и економскиот живот. Резолуцијата ги охрабрува членките да изработуваат национални стратегии и системски да го интегрираат прашањето за ретките болести во своите развојни приоритети“, рече Ѓоргиевска во обраќањето.

На настанот, во организација на „Национална aлијанса за ретки болести“  и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“се обратија министерот за здравство, лекари специјалисти и претставници на граѓански здруженија. Учесниците ги споделија своите мислења за тоа што е постигнато во Северна Македонија во областа на ретките болести и што треба да се преземе во иднина со цел поддршка и подобар живот на лицата со ретки болести и нивните семејства.

По повод Денот на ретките болести беше промовирана и поштенска марка посветена на ретката болест епидермолизис булоса, во знак на поддршка на заедницата на лица кои живеат со ретка болест и нивните семејства.

Next Post

Стејт департментот им препорача на американските граѓани во Русија веднаш да ја напуштат државата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk