ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Референците на „Бехтел“ гарантираат квалитетна изведба на автопатните делници со максимално вклучување на локални компании

March 1, 2022 14:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од агендата на работната посета на Лондон, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска се сретна со дел од бордот на директори на меѓународниот конзорциум „Бехтел“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата Шон Кени, информираат владините служби.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, се разговараше за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за делница Тетово – Гостивар – Букојчани и за проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и за Коридорот 10 Д, односно за делница на автопатот Прилеп – Битола.

За реализација на овој Меморандум во Собранието на Република Северна Македонија беше донесен Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот, по што следи утврдување на текстот на договорот кој треба да биде одобрен од двете страни за да се затвори правната постапка којашто ќе овозможи реализација на предвидените инфраструктурни проекти.

На средбата со менаџментот на „Бехтел“ беше констатирано дека во рамките на роковите се одвива постапката за избор на надзор и консултант што ја спроведува ЈП за државни патишта, којашто се очекува да се заврши до почетокот на април оваа година, и дека во буџетот за 2022 година веќе се испланирани средства за изградба на предвидените автопатни решенија.

На средбата со менаџментот на „Бехтел“ беше истакнат фактот за највисоките референци на компанијата во остварувањето на инфраструктурните проекти во светот и особено во регионот, како и фактот дека дури 80% од работите компанијата ги изведува со локални компании.

Next Post

(ВИДЕО) Нова цивилна мета на руските сили: Погодена петкатна станбена зграда во Харков, има жртви и повредени

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk