ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје без одлагање да ги почне преговорите, создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија

March 1, 2022 08:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје и Брисел со став дека Северна Македонија треба без одлагање да ги почне пристапните преговори со ЕУ и оти се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија.

Премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји на средба вчера во Лондон, која беше дел од работната агенда за учество на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оценија дека европската интеграција на Северна Македонија не смее да се одлага ниту ден повеќе и затоа е неопходно да се искористат француското претседателство и поволниот амбиент кој постои во моментов за изнаоѓање решенија.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски и комесарот Вархеји се согласија дека се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија на релација Скопје – Софија. Во разговорот беше истакнато дека Западниот Балкан е европски регион и дека интеграцијата на земјите од овој регион подразбира и нивно членство во Европската Унија.

Претседателката на Комисијата за надворешна политика на словенечкиот Државен збор, Моника Грегорчич вчера во Скопје ја пренесе пораката дека од Словенија имаме постојана поддршка, и охрабрување на патот кон ЕУ и дека таа поддршка останува без разлика која опција ќе победи на претстојните избори во земјата.

– Уверени сме дека тивката дипломатија ќе даде резултат во преговорите и оти што е можно поскоро Северна Македонија ќе биде дел од Унијата, порача таа по средбата со нејзиниот македонски колега и домаќин, претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски.

Во однос на кризата во Украина, важно е, рече Грегорчич, дека сите зборуваме со еден глас и ја осудуваме руската агресија. Таа го пренесе словенечкиот предлог да се забрза процесот на проширување на ЕУ со земјите кандидати, но во исто време да и се понуди на Украина една временска рамка во која таа би станала членка на Унијата.

– Сметаме дека ова ќе биде уважено и дека ќе се вложат сите напори за ова да стане реалност. Сите заедно како земји членки на Унијата мора да размислуваме за заедничка иднина, глобално, меѓутоа и во насока дека демократијата ќе владее со светот… Веќе се случуваат проемни на континентот и во светот и ЕУ треба да премине од фактор на мека моќ во фактор на тврда моќ и да ги преземе сите мерки во таа насока, вели словенечката парламентарка.

Милошоски се заблагодари на континуираната поддршка за земјава да ги отпочне заслужените преговори за членство од 2009 година па наваму и нагласи дека споделуваат заеднички ставови во однос на ситуацијата поврзана со руската инвазија врз Украина.

– Доколку Словенија ни беше земја сосед Македонија веќе ќе беше членка на ЕУ затоа што тие без разлика на која политичка партија припаѓаат имаат сериозна визија за обединета Европа. За жал, некои од соседите се уште не ја споделуваат таа визија. Но, се надеваме сепак дека Македонија ќе успее и со пријателите внатре во ЕУ да го добие она што го заслужува без какви било дополнителни понижувања или уценувања, рече Милошоски.

Делегацијата на Комисијата за надворешна политика на словенечкиот Државен збор, предводена од претседателката, Моника Грегорчич, вчера се сретна и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој  порача дека сега повеќе од кога било, потребно е делување од страна на Европската Унија за забрзување на процесот на проширувње и што поскоро отпочнување на преговорите со земјава.

– Во однос на нашите евроинтеграции, претседателот на Собранието Џафери истакна дека актуелните случувања покажуваат колку како земји сме ранливи на одредени процеси и дека сега повеќе од било кога, потребно е делување од страна на Европската унија за забрзување на процесот и што поскоро отпочнување на преговорите, кои ќе имаат позитивен ефект во економски, но и безбедносен контекст за земјата и регионот пошироко, нагласи Џафери. /MИА/.

Next Post

Ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи

EVN

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Пресудата против новинарот Насер Селмани сигнализира опасна пракса и закана за слободата на изразување

February 17, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ обвини дека Мицкоски патувал со владин авион на Јадран, Владата тврди дека нема злоупотреба

February 17, 2026

Џордано Бруно – човекот кој беше запален затоа што универзумот го направи бесконечен

February 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Федерер е најголемиот тенисер во историјата, но Ѓоковиќ е најдобриот, смета Крајичек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Групата Лелек победи на Дора 2026 со „Андромеда“, ќе ја претставува Хрватска на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk