Британците волонтираат да и помогнат на Украина во борбата против Русите, велејќи дека се подготвени да умрат за каузата.
– Дојдовме да се придружиме на Украинската Армија. Цврсти, фит млади момци, секако можеме да помогнеме, вели Леон еден од волонтерите.
– Штом се симнеш од возот, не ти е гарантиран животот, особено не онаков каков што бил, вели Леон. Моето семејство не се согласува со мојата одлука, но ако јас поминувам низ ова, низ што поминуваат луѓето таму?
Волонтираат и постари луѓе на дури 60-годишна возраст. Опремата некои ја позајмуваат од нивни пријатели кои порано биле војници.
обработка: М. М.