ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Втор ден пад на акциите на европските берзи

March 1, 2022 11:14
in БИЗНИС, БРОЈКИ, ДЕНЕС, СВЕТ

На европските берзи утринава цените на акциите паднаа, втор ден по ред, откако инвеститорите се загрижија поради вестите за новите руски воени сили во Украина.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот беше во минус 0.4 отсто.

Лондонскиот FTSE „ослабна“ за 0.03 отсто, на 7.453 поени. Франкфуртскиот DAX се „лизна“ за 0.89 отсто, на 14.331 поен, а парискиот CAC за 0.71 отсто, на 6.611 поени.

Утрово најмногу паднаа, во просек над два отсто, цените на акциите во туристичкиот сектор.

Од друга страна, рударскиот сектор се зајакна за повеќе од еден процент, благодарение на зголемените цени на суровините.

На азиските берзи, цените на акциите пораснаа. Азиско-пацифичкиот индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0.6 проценти околу 9.30 часот.

На токиската берза, Nikkei се зголеми за 1.2 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Шангај, Австралија, Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0.3 и 0.8 отсто.

По неколкуте дена навистина нестабилното тргување, се чини дека азиските пазари се стабилизираа.

Вестите за војната во Украина и понатаму се следат, како и почетокот на преговорите меѓу претставници на земјата и на Русија.

– Голем дел од тоа што се случува на пазарите е во сенка на вестите за преговори меѓу Украина и Русија. Наредните денови ќе биде важно и тоа што ќе преземат владите и централните банки, кога се во прашање монетарната и други политики, изјави Кери Крејг, стратег во компанијата J.P.Morgan Asset Management.

Инвеститорите ги загрижува и ризикот од понатамошен раст на инфлацијата, поради зголемување на цените на енергијата, што може да ги наведе централните банки на заострување на монетарната политика. А, со тоа ќе се забави растот на глобалната економија. /МИА/

Next Post

Одложено испраќањето на новиот македонски амбасадор во Москва

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk