Режимот на Путин ја уапси мировната активистка Јелена Осипова, која е познат активист против злоупотребата на атомската енергија, војни и човекови права.
Инспиративната уметничка и политичка активистка од Петербург, Јелена Осипова, го нацрта овој графит за да ја одбележи 75-годишнината од укинувањето на опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна.

Делото е посветено на нејзината покојна пријателка Ленина Никитина, уште една прекрасна уметница, која живеела во зградата на чии ѕидови Осипова ги цртала нејзините дела.
Никитина го загуби целото семејство за време на опсадата, која траеше скоро 900 дена, од 8 септември 1941 година до 27 јануари 1944 година.
Во денешните протести во Русија активистката Јелена Осипова е уапсена од страна на рускиот режим, бидејќи ги подржува протестите против војната.
WATCH: A survivor of Siege of Leningrad, Yelena Osipova, arrested by Russian authorities at anti-war protest in St. Petersburgh, Russia https://t.co/lJojTf9If9pic.twitter.com/btAK58ey3m
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) March 2, 2022
Осипова е позната уметница, по нејзините постери кои ги носи на протестите во Русија. Покрај Осипова, медиумите известуваат за илјадници уапсени мировни активисти во Русија кои протестираат против агресијата на Путин во Украина.

В.К





