Во интервју за Фронтлајн новоназначениот Амбасадор во ОН Љубомир Фрчковски говори за значењето на меѓународните организации за Република Северна Македонија.
Тој смета дека меѓународните организации се исклучително важни за малите држави бидејки она што не можат да го направат во билатералните релации поради немање голема геостратешка, економска и воена важност, со вешта дипломатија можат да го направат тоа токму со тие вмрежувања во меѓународните организации. Затоа што околу вас имате стотина Амбасадори со кои можете да разговарате, да влиијаете и да лобирате и истовремено да добивате повратни информации за состојбите во регионот и за позициите на земјите околу важни прашања.
„Важно е за нашата држава да се умрежи за да стекне авторитет, да води некои субпрограми во тие меѓународни организации како на пример оние за дискриминација кои се однесуваат на земјите во кои имало конфликти. Таму ние би биле земја која може нешто да им каже на другите со своето искуство, затоа што имаме луѓе кои директно учествувале во ти преговори на идентитети. Таа активна улога е многу важна затоа што вие фактички добивате авторитет далеку поголем одошто објективната тежина на земјата со нејзиниот геостратешки потенцијал“, вели Фрчкоски.
Целото интервју со Амбасадорот Љубомир Фрчковски гледајте го утре на „Фронтлајн.мк“.