Говорејќи за војната во Украина македонскиот Амбасадор во ОН проф. д-р Љубомир Фрчкоски смета дека станува збор за агресија што спаѓа во најтешко меѓународно кривично дело против мирот и хуманоста. Во таа смисла ќе има процедура на казнување.
„Европскиот однос со Русија, барем со овој режим на Путин, е симнат под граница по која нема враќање. ЕУ не може да се врати ниту на некакви толерантни односи со Русија после ова. Јазот ќе остане жесток. Тоа значи ќе се врати една супер ладно-воена ситуација меѓу нив, односно меѓу нас и Русија. Оваа супер ладно-воена ситуација значи дека ќе бидат подигнати сите разузнавачки и контраразузнавачки линии, кај нас ќе бидат дигнати сите проруски кртови што спиеле досега. И така ќе биде по целиот регион. Тоа е реакција и логика на КГБ размислувањето. Ќе се врати нешто што тие посакуваат, а тоа е таа ладна воена ситуација и поделба на зони на влијание, значи вие сте таму преку ровот. Тоа е враќање на една реторика која беше заборавена“ вели професорот Фрчкоски во интервју за Фронтлајн.
Целото интервју со Амбасадорот Фрчкоски, утре на Фронтлајн.мк.