Љубомир Фрчкоски му реплицира на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците кој се спротивстави на неговото назначување за Амбасадор во Њујорк нарекувајќи го „албонофоб и обичен фашист“.
„Таравари покажува такво незнаење и глупост што не разликува кој на која страна бил 2001 година. Тој мора да знае колку важен е Пхридскиот рамковен договор за Албанците и за сите во Македонија.
„Успеавме да решиме еден неверојатно тежок конфликт 2001 година, кој беше еден индентитетски конфликт. Тие конфликти ретко се решаваат, остануваат замрзанати. Ние тоа го решивме, но во коментарите понекогаш политички фрустрирани (озлоједени) личности забораваат што се случило 2001 година. На пример еден Таравари покажа такво незнаење кој бил на која страна таа 2001, независно што сега партијата му барала нешто да осуди или некого да обвини. Тоа е елементарно незнаење, тоа е глупавост. Добро може да биде и злоба, не е важно, но тое е сепак елементарно незнаење, независно од тоа ти во каква дупка си бил скриен, како што бил тој. Но тој мора да знае кој на која страна бил 2001 ако е тоа важен договор за Албанците и како што е важен за сите во Македонија. Само по 20 изминати години луѓето забораваат што сме решиле тогаш, колку тежок конфликт бил тоа. Тогаш Македонците многу малку го поддржуваа, но сега според исптувањата 62 проценти Македонци го подржуваат Охридскиот рамковен договор, бидејќи се гледа дека тоа дефинира една држава која функционира и го ефектуира својот мултикултурализам“, рече Фрчкоски.
Целото интервју со Амбасадорот Љубомир Фрчковски гледајте го утре на „Фронтлајн.мк“