Го знаете ли оној стар добар ВИЦ за тој што возел на автопат во обратна насока? И додека возел, слуша на радио: „Внимание, внимание, на автопатот еден лудак вози во обратна насока!“
А тој се насемал и вели:
„Како бре само ЕДЕН лудак??? Па освен јас, сите други возат во обратна насока!“
Така ми делуваат и оние, вљубените во Путин. Иако се во многу мал процент, сигурни се дека токму тие се во право, а цел останат свет сме во заблуда.
Не ми преостанува ништо друго освен да се откажам од понатамошни обиди да им објаснувам на ‘путинољупците’, на ‘анти-ваксерите’ и на ‘рамноземјашите’ дека грешат.
Само си губам време.
И нерви.
А и нив ги нервирам!
За овие три категории луѓе НЕМА СПАС…
Како што нема спас ни за оние што се против 5G, и оние што веруваат дека Американците нè прскаат со алуминиум…
Сите тие се ‘скарани’ со науката!
Фејсбук објава од Ацо Лукароски.