ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Резников: 10 дена 4 часа 20 минути – Украина се бори за целиот свет

March 6, 2022 10:55
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на Министерот за Одбрана на Украина, Олексеј Резников ви го соопштуваме интегрално:

„Продолжуваме да му даваме отпор на непријателот. Руските окупатори не можеа да не уништат, не можеа да не скршат. И нема да можат! Вооружените сили на Украина, територијалната одбрана, секој волонтер, секој граѓанин на Украина продолжува да ја брани нашата земја, нашите животи.

Ја поставивме економијата на земјата на воена основа.

Фабриките продолжуваат да работат, исполнуваат воени нарачки, поправаат опрема, воените трофеи ги претвораат во оружје. За да се бори земјата мора да работи, секој на свое место. Ако бевте приморани да се евакуирате – најдете работа на ново место – вашата помош е потребна насекаде.

Состојбата на позициите е под контрола. Да, имаме и ние загуби. Но, секое име, секој наш Херој нема да биде заборавен. Исто како што нема да биде заборавен секој убиец. Ја разбираме вредноста на животот и вредноста на слободата. Животот на секој Украинец е бесценет!

Во одредени правци нашите војници вршат контранапад, непријателот губи десетици единици техника, само ја фрла и бега. Пополнувајќи го на тој начин нашиот „парк“ со техника. Непријателот ќе умре од сопственото оружје.

Кремљ сè уште не сака да го прифати и признае неговото фијаско. Но, тоа време се наближува.

Расте незадоволството и деморализацијата кај окупаторските сили. И кај нив доаѓа просветлување, како и кај некои руски олигарси.

Има сè повеќе случаи на неподготвеност за војување.

Непријателот продолжува да трпи значителни загуби. Уништени се повеќе од 90 авиони и хеликоптери. Тие се соборени од противвоздушната одбрана, морнарицата, нашите киборзи низ целата земја. Заробени се неколку непријателски пилоти – ова се важни сведоци на идниот воен трибунал. Додека некој се плаши да го затвори небото над Украина, нашата армија си ја врши работата и го уништува непријателот.

Најспособните единици на непријателот беа поразени: непријателот беше запрен во Кијив и Харкив. Кај Миколаев е одвратен. Одеса е нашиот стратешки резерват. Надополнувањето на силите на непријателот ќе станува сè потешко, квалитетот на надополнувањето ќе биде уште понизок.

Кремљ конечно ги отфрли обидите да ги скрие своите намери – тие дојдоа да ја уништат нашата земја, да го уништат нашиот народ. Нема да успеат.

Тие водат војна со жени и деца. Тие не ги победија војниците што го бранеа Харкив – започнаа војна со Универзитетот во Харкив. Русите се обични терористи. И терористите ќе бидат уништени.

Непријателот дава отпор, но ние правиме се што е можно за да ги обезбедиме хуманитарните коридори, да го извадиме нашиот народ од гранатирањето и да обезбедиме хуманитарна помош. Нема да оставиме никого и ќе се вратиме многу брзо.

Денес, Украина продолжува да се залага за слободата на светот: Украинските деца и жени ги спасуваат вашите деца и жени по цена на нивните животи додека вие се двоумите да го затворите небото. Нашите мажи ги спасуваат вашите по цена на нивниот живот. Додека вие се плашите да го затворите небото. Одамна престанавме да се плашиме од вештачки создадената слика на „Голема Русија“. И целиот свет мора да престане!

Се бориме со сите сили. Победата е близу! Победата, како и вистината, е со нас!

Слава на Украина!“, истакна Резников, информираат од Украинската Амбасада.

Next Post

Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште две седмици, од 15 март се укинува PLF формуларот

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk