На Ваалимаа, финскиот граничен премин со Русија, автобуси и автомобили застануваат за пасоши и царински проверки. Овие не се Украинци, тие се Руси, и иако протокот на луѓе не е тежок, тој е постојан, пишува Би-Би-Си.
Некои луѓе сакаат да ја напуштат Русија бидејќи постојано се шпекулира дека владата на претседателот Владимир Путин наскоро би можела да воведе воена состојба за да се справи со демонстрациите против инвазијата на Украина.
Со запрени летови за Европа, единствениот излез од земјата е со автомобил или со воз.
– Луѓето на Украина се наши луѓе, не треба да ги убиваме. Не размислувам да се вратам назад додека ја имаме оваа грозна Влада, истакна Русинка која ја напушта Русија.
Во Финска има огромно сочувство за луѓето како неа, исто како што има за Украина и нејзините жители. Ова сочувство и стравот дека Русија би можела да ги нападне другите соседи, како што е самата Финска, ги менува ставовите кон традиционалните наклонетости на Финска кон неутралноста.
Според последните анкети на јавното мислење, се поголемото мнозинство Финци веруваат дека е време нивната земја да се приклучи на НАТО и да пристапи до заштитата што би ја донела алијансата.

Луѓето кои заминуваат од Русија се ограничени во однос на тоа колку пари можат да земат со нив. Рубљата е во колапс а на Руската економија и се закануваат санкциите кон Русија.
Дали санкциите против богатите Руси ќе предизвикаат тие да се свртат кон претседателот Путин? Тоа секако не е невозможно, но тешко дека ќе го принуди да ја прекине војната против Украина.
Друга исплашена Русинка која побегнала во Истанбул за Би-Би-Си изјави дека исплашена е да се врати во живот каков што порано бил во Советскиот Сојуз.
„Имам 30 години, не сум го видела најлошото… репресиите, тајната полиција“, рече таа. „Имав многу јасен страв дека ако не одлетам сега, нема да можам никогаш да летам надвор“, вели таа.
обработка: М. М.




