ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Силна осуда на руската инвазија врз Украина, продолжувањето на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е неопходно

March 7, 2022 13:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Целосно ја осудуваме руската инвазија на Украина. Северна Македонија заедно со сојузниците во НАТО дава силна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нападот од Русија е повреда на меѓународното право и на човековите права во Украина“, рече министерката Петровска на тркалезната маса која се одржа денеска во кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute) во Лондон, Обединетото Кралство, на тема „Современи безбедносни закани и нивното влијание врз Западниот Балкан“, информираат од Министерството за одбрана.

Петровска истакна дека листата на безбедносни закани денес е навистина широка со акцент на  зголемените сајбер и хибридни закани. НАТО – Алијансата е здружена и работи заеднички да ги пресретне сите безбедносни закани.

„НАТО има јасен одговор на сите безбедносни закани – ние ја зголемуваме нашата подготвеност за одбрана и одвраќање и ги поддржуваме меѓународните напори за стабилност и безбедност на глобално ниво“, рече министерката.

Петровска истакна дека во оваа безбедносна ситуација во Европа, сосема е јасно значењето на членството на Северна Македонија во НАТО.

„Како политичари ние треба да имаме јасна слика што ќе значат чекорите што ги преземаме за иднината на земјата. Денеска е јасно колкава е важноста на членството на Северна Македонија во НАТО  за безбедноста на граѓаните, и колкаво е значењето на чекорите што Владата ги презеде за да ја реализира оваа стратешка цел“, рече Петровска.

Министерката Петровска рече дека во оваа насока особено е важно да се забрза процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ бидејќи интеграцијата има сериозен безбедносен елемент.

„Во ваков момент на безбедносни предизвици неопходна е јасна интеграциски перспектива на Западен Балкан во ЕУ и расчистување на патот за Северна Македонија кон преговорите, што ќе биде силен сигнал за безбедноста на регионот“, рече министерката.

Петровска информираше дека Северна Македонија, ангажирајќи ги сите потребни институции и Владата во октомври 2021 година донесе Стратегија за градење на отпорност и справување со хибридни закани и дека воспостави блиска соработка со НАТО и Европската Унија на ова поле.

На тркалезната маса учествуваше и Џонатан Ејал, меѓународен директор во РУСИ кој порача дека светот, а особено Европа се соочува со безбедносна криза досега невидена во поновата историја на континентот и дека потребно е да надвладее разумот и воените интервенции да се заменат со разговори и искрен дијалог. Тој го поздрави ставот на Северна Македонија за осуда на воените дејствија во Украина во линија на сојузниците, како и потребата од забрзувањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Кралскиот институт РУСИ е независна тинк-тенк организација фокусирана на областа на одбраната. Институтот е формиран во 1831 година и речиси два века претставува платформа за дискусија и анализа на светските одбранбено – безбедносни текови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда и дефинирање на односот со Русија

НАЈНОВО

ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

САД нема да распоредат војници во Газа, формираат цивилно-воен центар во Израел за координација на примирјето

October 11, 2025

Сабаленка загуби од Пегула во полуфиналето во Вухан

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk