Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот дeн на жената, денеска на пладне во Филхармонија ќе се одржи настан под слоганот „Силни жени-силни заедници“.
Акцентот ќе биде ставен на мерката „Економија на грижа“, како дел од Оперативниот план на активни програми и мерки на Министерството за труд и социјална политика, чиј спроведувач е Агенцијата за вработување, со поддршка од УНДП и Амбасадата на Швајцарија во земјава.