ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Тренчевска: Ќе ги унапредиме правата на руралните жени

March 7, 2022 15:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку отворен дијалог и дебата ќе дојдеме до заедничко решение, за предлогот на Националната федерација на фармери во делот на остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки, рече министерката Тренчевска, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Таа на денешната презентација на Анализата за изнаоѓање на правен механизам – „Заедно до успех“, подготвена од Националната федерација на фармери на Македонија, посочи дека процесот во унапредувањата на правата на жените земјоделки ќе  биде  транспарентен со вклученост на сите засегнати страни.

„До сега направивме многу активности во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини,  меѓутоа тука нема да застанеме. Ќе продолжиме да креираме нови политики кои ќе значат дополнително подобрување на статутот на жените од руралните средини. Во новите законски решенија за  родовата еднаквост и за работните односи, се вметнати најдобрите европски практики,  и очекуваме да дадат нова димензија во концептот на еднаквост. Тие се  подготвува во соработка си сите засегнати страни бидејќи напредок може да има само со вистински партнерски однос. Заедно треба да работиме и на промена на традицијата и менталитетот, земјоделскиот имот подеднакво да се дели и на момчињата и на двојчињата во семејството,“рече министерката Тренчевска.

На презентацијата на Анализата, министерот за земјоделие Љупчо Николовски, посочи дека руралната жена треба да биде силна и успешна. Информираше дека на утрешната владина седница ќе биде донесена Програма за рурален развој.

Претседателката на Националната федерација на фармери,  Васка Мојсовска, посочи дека со остварување на породилно отсуство и боледување ќе се овозможува земјоделките и земјоделците да бидат еднакви како и сите други граѓани бидејќи ќе се надмине обесправеноста и дискриминацијата.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Finance Think: Постигнатото решение за усогласување на пензиите е коректно

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk