ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Црвенковска: Крајна цел на сите реформи во судството е да создадеме систем на кој ќе му се верува

March 8, 2022 10:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Високи претставници на судската власт денеска учествуваат на работилница за системите за управување со перформансите на судството во рамките на МАТРА проектот, посветен на зајакнување на независноста, ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет, а со тоа и на целиот судски систем.

Како што информираат од Судскиот совет, претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска, на денешната сесија која е посветена на ефикасноста на судството, ги нагласила двата клучни елемента за ефикасен судски систем.

– Првиот елемент е брзата, ефикасна и објективна правда и второто, довербата на граѓаните кон судскиот систем. Овие две работи се зависни една од друга, ако сакаме да постигнеме ниво на висока доверба кај граѓаните ние мораме ним да им овозможиме лесен, едноставен, сигурен и објективен пат до правдата. Бројките за сработеното стануваат неважни ако ние не обезбедиме правда и правичност и ако не стигнеме до задоволително, а во иднина и до високо ниво на доверба. Според мене крајната цел на сите реформи во судството или крајот на сите проекти, вклучително и МАТРА проектот, е недвосмислено да создадеме систем на кој ќе му се верува, систем на кој ќе може да се потпрат обесправените граѓаните, целина за која ќе знаеме дека е успешна, независна и која делува исклучиво според закон, без надворешни влијанија на која било елита, истакнала Црвенковска.

Таа ги посочи двете нови методологии донесени во Судскиот совет, кои се значајни документи кон обезбедување на ефикасно судство.

-За таа цел ние од поодамна имаме донесено Методологија за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите. Преку таквата методологија ќе ги исклучиме субјективните фактори за оценување на судиите, кои потоа служат и за унапредување на одреден судија. Едноставно правиме напор оценувањето да се спроведе врз мерливи критериуми базирани на објективни резултати, а тоа секако дека ќе ја зголеми ефикасноста на судството. Минатата година донесовме Методологија за утврдување сложеност на судските предмети преку која прецизно ќе се знае кој судија колку предмети треба да има во текот на годината. Таквата методологија ќе овозможи предметите да се решаваат во побрзи рокови, со прецизно утврдени сведоци, докази, број на рочишта, а следствено на тоа однапред ќе биде извесно кога судијата ќе изрече пресуда, појаснила Црвенковска.

Овој документ, потенцирала, ќе даде голем придонес во зголемување на ефикасноста на судството

-Овие две методологии се во фаза на имплементирање во АКМИС системот, што значи создаваме услови за нивна дигитална примена со што оценувањето на судиите и контролата врз предметите на кои работат ќе биде поголема. Во ситуација кога самите судии ќе знаат дека оценувањето на нивната работа се врши врз точно утврдени критериуми низ објективна призма и кога ќе знаат дека им се делат предмети според нивната сложеност тогаш самите судии ќе имаат поголем мотив да бидат поефикасни, постручни, објективни и независни, нагласила Црвенковска.

Проектот МАТРА е под покровителство на Министерството за надворешни работи на Холандија. /МИА/. 

Next Post

Николовски: Граѓаните да бидат мирни, наоѓаме начин и креираме мерки за ублажување на последиците од кризата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk