Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, ги повика светските лидери да го „затворат“ небото над Украина, за да може да се одбележи денот на раѓањето на големиот украински поет Тарас Шевченко, на Плоштадот на Независноста во Киев. Во апелот на Зеенски пишува дека ќе се одржи настан „Слободно небо“ на кој ќе свири Киевскиот оркестар на класична музика.
„На роденденот на Тарас Шевченко, на Плоштадот на независноста ќе се одржи уметничкиот настан „Слободно небо“. За поддршка на повикот на украинскиот народ и претседателот на Украина упатуваме апел до Западот и другите земји да го затворат небото над нашата земја и да ја прекинат војната“, пишува во објавата на Министерството за одбрана на Украина.
У день народження Тараса Шевченка на майдані Незалежності відбудеться мистецька акція «Вільне небо» на підтримку заклику українського народу та Президента України до країн Заходу та інших держав світу закрити небо над нашою країною та зупинити війну.https://t.co/vcBPWiKaXm
— Defence of Ukraine (@DefenceU) March 9, 2022