Познатиот холивудски актер, Леонардо ди Каприо, донираше 10 миниони долари (7,6 милиони фунти) за Украина, која се бори против руската инвазија во последните две недели, пренесува Индипендент.
47-годишниот актер има лична врска со народот кој во моменов е под руска инвазија, бидејќи неговата баба по мајка, Хелена Инденбиркен, е родена во Одеса. Таа мигрирала во Германија со нејзините родители во 1917 година.
Ди Каприо бил доста близок со својата баба, која според повеќе информации секогаш ја поддржувала неговата актерска кариера.
Инденбиркен починала на 93-годишна возраст, во 2008 година. Таа го придружуваше Ди Каприо на премиерите на многу негови филмови.
Според Polish News, донацијата на актерот во Украина ја објавиле од Меѓународниот Вишеградски фонд.
Превод: Фронтлајн