Украинската одбранбена разузнавачка служба соопшти дека „значителни загуби на персоналот и опремата“ се предизвикани на руски тенковски полк во селото Скајбин, во источната периферија на Киев, објавувајќи видео од нападите, пренесува британски Сан.
Снимката покажува голем конвој од неподвижни тенкови во Скајбин пред да се видат неколку експлозии.
Конвојот потоа се движи во спротивна насока кон Киев, бидејќи се гледа чад што се издига од голем број оштетени тенкови.
Како што соопштила разузнавачката служба нападот предизвикал повлекување на руските сили и еден руски полковник загинал во нападот.