Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба се обрати по средбата со министрите за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу и на Руската Федерација, Сергеј Лавров.
„Со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавроб, меѓу другото зборувавме за еветнуално 24-часовно примирје, заради хуманитарната криза, но немаше прогрес, бидејќи други одлучуваат за ова прашање во Русија“, рече Кулеба.
Тој додаде дека е подготвен повторно да се сретнат за конечно да завршат руските напади врз Украина.
„Најмногу зборувавме за хуманитарните проблеми, да им се помогне на цивилите кои во моментов се во опасност и страдаат“, рече Кулеба.
Според Кулеба, Русија во моментов не е подготвена за примирје.





