Во своето ноќно видео обраќање, украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика европските граѓани да направат повеќе за да извршат притисок врз нивните влади да интервенираат во Украина, пренесе МИА.
– Европејци! Нема да можете да кажете дека не сте виделе што се случи со Украинците, што се случи со жителите на Мариупол. Видовте. Знаете“, вели тој.
Маріуполь. Прямий удар російських військ по пологовому будинку. Люди під завалами. Діти під завалами. Це звірство! Скільки ще світ буде співучасником, ігноруючи терор? Негайно закрийте небо! Негайно зупиніть убивства! Ви маєте силу. Але, схоже, втрачаєте людяність. pic.twitter.com/xEFndMPqPK
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 9, 2022
Зеленски го повика Западот да ги зголеми санкциите кон Русија и да „изврши притисок“ врз Москва да ја принуди да преговара и да ја прекине војната, пренесува Би-Би-Си.
– Ние не направивме и никогаш немаше да направиме нешто слично на ова воено злосторство во ниту еден од градовите во Доњецк, Луганск или кој било друг регион“, рече тој, мислејќи на источните отцепени региони на Украина. „До кој било од градовите на земјата“.





